МИНИСТЕРOT ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА Р.Ф СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА Р.М НИКОЛА ПОПОСКИ

МИНИСТЕРOT ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА Р.Ф СЕРГЕЈ ЛАВРОВ ОСТВАРИ СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ НА Р.М НИКОЛА ПОПОСКИ
На 22 септември во Њујорк на маргините на 71-та седница на Генералното Собрание на Обединетите нации Министерот за надворешни работи на Руската Федерација г-дин Сергеј Лавров оствари средба со заменик-претседател на Владата и Министерот за надворешни работи на Република Македонија г-дин Никола Попоски.

Се дискутираше за прашањата околу билатералните односи, идни заеднички проекти, а беа разменети и мислења за актуелни меѓународни прашања. Во контекст на неприсоединување на Македонија кон антируските мерки на ЕУ, беше истакнат взаемен интерес за продолжување на сестраното унапредување на руско-македонската соработка.