ВО БИТОЛА БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН „БЕСМРТЕН ПОЛК“

ВО БИТОЛА БЕШЕ ОРГАНИЗИРАН „БЕСМРТЕН ПОЛК“
По повод Денот на победата над фашизмот, 9-ти мај, на плоштадот „Магнолија“ во Битола беше организирана манифестацијата Бесмртен полк.

Во организацијата на Бесмртен полк, покрај студенти од Меѓународниот Славјански Универзитет, учествуваа и студенти од партнерските универзитети од Тамбов и Липецк, Регионално здружение за македонско – руско пријателство „А.А Ростковски“ и Сојуз на здруженија за македонско-руско пријателство во Р. Македонија.

Манифестацијата беше поддржана од Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија и од Почесниот конзулат на Руската Федерација во Битола.