ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДБЕЛЕЖА 73-ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ- 9-ТИ МАЈ.

ОПШТИНА ПРИЛЕП ЈА ОДБЕЛЕЖА 73-ГОДИШНИНАТА ОД ПОБЕДАТА НАД ФАШИЗМОТ- 9-ТИ МАЈ.

Општина Прилеп заедно со амбасадата на Руската федерација денеска ја одбележаа 73-годишнината од денот кога се слави победата над фашизмот во Втората светска војна, 9-ти Мај.

Овој е ден за почит и присет на жртвите што ги вградија своите животи во победата на најголемото зло. Почит на загинатите борци им оддаде делегација на Општина Прилеп, предводена од градоначалникот Илија Јованоски, делегација на Почесниот конзул на Руската Федерација. г.Сергеј Самсоненко, Советот на Општина Прилеп, делегација на руската амбасада во Македонија, предводена од амбасадорот Олег Шчербак, делегација на АРМ, на прилепскиот огранок на Сојуз на борци, здруженија и граѓани.

–Во чест и во знак на почит на жртвите од Втората светска војна од победата над фашизмот, денеска сите ние им се поклонуваме на жртвите на Могилата на непобедените. Секогаш ќе го славиме и треба да имаме почит кон сите жртви што ја донесоа нашата слобода. На сите учесници сакам да им се заблагодарам што се дел од овој настан, на руско–македонското друштво и на сите останати што се присутни денеска овде.

Сакам да изразам особена благодарност што амбасадорот Олег Шчербак денеска е дел од одбележувањето како претставник на држава со која што имаме пријателска и економска соработка и очекуваме заеднички напредок во иднина - порача градоначалникот Јованоски.

За народите на Русија и за Македонија, овој ден е особено важен. За Русија овој ден е важен, бидејќи загинаа голем број наши граѓани, сонародници. Ние успеавме не само да ја одбраниме нашата независност, чест и суверенитет, туку ја ослободивме и Европа. За Македонија, Денот над победата е победа над фашизмот. Македонија
успеа да ја добие својата државност. Во таа страшна војна и македонскиот и рускиот народ се бореа рамо до рамо. Таа победа е важна и за целото човештво. Обезбедивме мир, слобода и слободни човекови права во цела Европа. Затоа денеска им оддаваме почит, и секако треба да се бориме фашизмот, никогаш да не ја крене главата
повторно – истакна амбасадорот Шчербак.

По повод Денот на победата над фашизмот, амбасадата на Руската федерација во Македонија,  и Санкт-петербуршкиот дом на музиката, вечерва во 19.30 часот во ликовниот салон на центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, организираат камерен концерт „Амбасада на мајсторство“, при што на пијано ќе музицира Ана Грот, а на виолина Полина Борисова.