Концерт на Руските Романси

Концерт на Руските Романси
На 15-ти јануари во Македонската Опера и Балет се одржа концерт „Би сакал во еден збор“. Тоа беше концерт на убави класични руски песни во изведба на талентирани млади македонски пејачи кои беа учесници и на четвртиот меѓународен фестивал на руската класична и современа романса „Балканска Романсијада“.
 
Покрај Македонија, меѓународната „Романсијада“ е присутна и во Република Белорусија, Казахстан, Узбекистан, Бугарија, САД, Кина, Монголија, Ерменија, Данска, Литванија и Полска.
 
Концертот „Би сакал во еден збор“ во МОБ беше организиран и поддржан од Почесниот конзул на Руската Федерација, г.Битола Г-дин Сергеј Самсоненко.