ИСТОРИЈА НА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА

ИСТОРИЈА НА РУСКИОТ КОНЗУЛАТ ВО БИТОЛА

Прв руски конзул во Битола бил дипломатот Михаил Александровиќ Хитрово во (1837-1896) во 1860 год., меѓутоа дипломатската активност ја започнал во март идната 1861 год. 

Доаѓањето на дипломатски претставник на една голема словенска држава силно се одразило во свеста кај народот гледајќи во Русија како на земја што ќе ги застапува и штити нивните интереси пред високата порта.Тој за своето четири годишно службување до 1864 год., во Битола оставил драгоцени историски податоци за Битолскиот вилает.

За време на Источната криза (1875-81) год., со руското дипломатско претставништво во Битола раководел В. Максимов, а во 1880 год. го заменил Вице конзулот Неага, кој исто така е познат со драгоцените извештаи до своите претпоставени за состојбите во Битолскиот вилает.

Во судбоносните настани за Македонскиот народ и неговата ослободителна борба, руски дипломатски претставник од 1895 до 1903 год., во Битола бил Александар Аркадиевич Ростковски. Неговото име е доста често споменувано во македонската историографија.Меѓу дипломатите во Битола бил познат по своите постојани контакти со обесправеното македонско население во Битолскиот вилает во заштита пред турските власти.

Во почетокот на Илинденското востание на 26 Јули 1903 год., А. Ростковски паднал како жртва на турскиот фанатизам. Тој беше убиен од турски стражар по кратка препирка во влезот на градот (денес Ловџиски дом) во Битола.На местото на погубувањето денес стои голем руски крст.