РУСКО-МАКЕДОНСКИ ОДНОСИ

Воспоставувањето меѓудржавни дипломатски односи меѓу Република Македонија и Руската Федерација бележи дваесет и две години. Две суверени држави кон крајот на дваесеттиот век на релативно мирен начин направија премин, не само од исто идеолошки анахроно комунистичко општествено уредување туку и од две идентични федерални социјалистички државни заедници, Советскиот Сојуз односно СР Југославија - творби од минатите времиња што не можеа да го издржат предизвикот на новото време и 21 век.

На тој нов пат и Русија и Македонија, се разбира секоја со своите специфики, во текот на дведецениското постоење, поминаа тежок транзициски период исполнет со многу тешкотии и предизвици, како на внатрешнополитички и социјално-економски, така и на надворешнополитички план. Длабоките резови што неминовно беше потребно да се направат во почетокот, тогашните раководства на двете земји ги ставија пред тежок избор на примена на болни. Во секој случај тоа беа неопходни политички, општествени, стопански, социјални и други реформи и мерки, чии придобивки, но и последици, народите на двете земји трпеливо и достоинствено ги понесоа на своите плеќи.