ДОБРОДОЈДОВТЕ НА ОФИЦИЈАЛНАТА СТРАНА НА ПОЧЕСНИОТ КОНЗУЛ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА ВО БИТОЛА, Г.СЕРГЕЈ САМСОНЕНКО
Почитувани посетители,
Добродојдовте на официјалната веб-страница на Почесниот конзул на Руската Федерација во Република Македонија, во г.Битола.
На оваа страница можете да најдете информации во врска со работата на конзуларното претставништво и да се запознаете со нашите активности во Битола. Во својата дејност Почесниот конзул се раководи од законите на Руската Федерација, меѓународните договори на Руската Федерација, општо прифатените норми и принципи на меѓународното право, како и Уредбата за почесен конзул на Руската Федерација и Виенската конвенција за конзуларни односи. Почесниот конзул ги штити правата и законските интереси, презема мерки за граѓаните и правните лица на Руската Федерација да ги ползуваат целосно сите права, кои им се гарантирани со законите на Република Македонија и меѓународните договори, чиј потписник е Руската Федерација и Република Македонија, како и со општо прифатените норми и принципи на меѓународното право.
Активностите на Рускиот конзулат ќе бидат дефинирани во годишната програма за работа асимилирана и одобрена од страна на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија.
Основна цел во работата на Рускиот конзулат во општина Битола ќе биде промоција на руската култура, традиционалните вредности како и зајакнување на македонско-руските односи преку економски проекти.
Ние ќе се обидеме и да ве информираме за развивањето на взаемните односи на Руската Федерација со Република Македонија како и проширување на економско-трговски, научно-културни и други врски. Оваа страница е наменета за добивање на подобри информации за сите посетители како и побрзо и полесно комуницирање со Рускиот конзулат, каде ние остануваме целосно отворени за сите ваши предлози и прашања, забелешки и коментари.
Со почит,
Почесен конзулат на Руската Федерација во Република Македонија општина Битола
(The following information has not been translated.):
Сергеј Самсоненко